(Галерија) Тања и Новица се валкаат на песок среде јануари

(Галерија) Тања и Новица се валкаат на песок среде јануари

пред 4 години

Фолк-пејачите Тања Лазаревска и Новица Василевски уживаат во летото во Австралија со синовите Петар и Стефан. Тие не кријат дека се забавуваат среде јануари. Позираат на плажа, се сликаат на пристаниште, а Тања објави и слика додека со Новица се валкаа во песокот. „Заљубени, секогаш да сте вака среќни“, им коментираа пријателите.

Откако почна летото во Австралија, Татјана е често на плажа. Неодамна таа се дружеше со Маријана Новачевска, па од плажа двете пејачки снимија видео за песната „Едно срце имам душо“ и ѝ го посветија на Росана. Тогаш Маријана призна и дека иако во Австралија живее повеќе од 30 години, сега првпат пливала во океанот.

(Видео) Маријана и Тања од плажа во Австралија ѝ пееја на Росана: Бегајте таму, ме расплакавте

 

Share
Scroll to Top