Партнерката на фудбалерот Кристијано Роналдо, во една од епизодите на втората сезона од реалити серијата „Јас сум Георгина“ која се емитува на Нетфликс случајно открива кое е најчудното место на кое таа и фудбалерот имале секс.
Георгина рекла дека страстите ги препуштила со партнерот во спа оазата во нивниот семеен дом.
„Дојдов од плажа и Крис ми рече да дојдам во бањата“, раскажала Георгина и ги покажала позициите во кои се капела за да не ги уништи новонаправените тетоважи.
Пријателот на Георгина тогаш сфаќа што кажала таа и и вели: можеше да водиш љубов во кревет, а не во бања.
„Не, го направивме тоа таму“, рекла Родригез со насмевка.
Набрзо ѕвездата од серијата сфатила што кажала и неколку секунди молчела, пред нејзината сестра да ја праша дали навистина водела љубов во бањата.
Роналдо и Џорџина се заедно речиси седум години. Тие се запознале во 2016 година кога фудбалската ѕвезда влегла во продавница на Гучи во Мадрид, каде што работела Родригез. Заедно ги имаат ќерките Бела Есмералда и Алан Мартин. За жал, парот во април минатата година го загуби синот, кој почина за време на породувањето. Сурогат мајката на фудбалерот му роди и близнаци, Ева и Матео и синот Кристијан Јуниор.