Германски климатски активисти фрлија пире врз дело на Моне вредно 111 милиони долари

Германски климатски активисти фрлија пире врз дело на Моне вредно 111 милиони долари

пред 2 години

Активисти на германско здружение за заштита на животната средина фрлија пире врз сликата „Стогови сено“ на Клод Моне во Музејот Барберини во Потсдам. Сликата била продадена за 111 милиони долари во 2019 година. Откако ќе ја исчистат, таа повторно ќе биде изложена за јавноста.

dobivaj vesti na viber

Упадот во музејот се случува девет дена откако активисти на Just Stop Oil фрлија супа од домати врз „Сончогледите“ на Винсент ван Гог во Националната галерија во Лондон. Активистите од „Последната генерација“ потоа ги залепија дланките на ѕидот и рекоа дека целта на упадот е повик за будење оти на светот му се случува климатска катастрофа.

„Луѓето гладуваат, смрзнуваат, луѓето умираат. Ние сме среде климатска катастрофа и вие сте загрижени за супа од домати или пире врз слика. Знаете јас од што се плашам? Загрижена сум бидејќи науката ни кажува дека во 2050 нема да можеме да ги прехраниме фамилиите. Оваа слика нема да вреди ништо ако треба да се бориме за храна. Кога ќе почнете да нè слушате и да престанете со бизнисите?“, рече едната активистка.

Портпарол на музејот изјави дека сликата била заштитена со стакло и дека не е оштетена. Тој додал и дека полицијата брзо пристигнала и без проблеми ги привела демонстрантите.

Share
Scroll to Top