googletag.cmd.push(function() { googletag.display(‘div-gpt-ad-1566809029200-0’); });
Легендарниот југословенско-српски актер Власта Велисављевиќ почина денес од коронавирус, пренесуваат српските медиуми. Тој починал во болницата „Драгица Мишиќ“, како последица од коронавирусот.
Извор бизок до актерот открива дека тој бил хоспитализиран пред десетина дена и дека бил ставен на апарати за дишење. Власта ја примил вакцината против Ковид 19, на 21 јануари.
„Се одлучив за руската вакцина, но не можев да ја примам. Медицинските лица ми рекоа дека не може да се дава на лица постари од 76. години, а јас имам 94. години. Им реков на лекарите: ‘Сакам руска поради познатиот руски писател и лекар Антон Павлович Чехов’. Мислев дека ќе ме разбере, но изгледаше дека никој не ме разбира. Малку се шегував. Да ви кажам право, не ми е гајле за која вакцина станува збор. За мене е важно да се заштитам од корона вирусот и да бидам здра“, рекол порано познатиот глумец.