Глумецот Јоан Груфид во битката за старателството над неговите ќерки, тврди дека бившата Алис Еванс била насилник и дека ги злоставувала. Алис пак, според најновите судски документи, тврди дека тој не се ни обидел да контактира со било која од нив веќе три месеци, пренесе Page Six.
„Алиса продолжи да им нанесува сериозна емоционална штета на Ела и Елси со своите изјави и мешање во мојот однос со нив“, рече Груфид и додаде дека кога дошол да ги земе, таа не му дозволила и дека се однесувала како дете.
Судското рочиште во Лос Анџелес, кое се одржа минатата недела, беше затворено за медиумите, а Груфуд, побарал и добил тригодишна забрана за доближување против Алис минатиот август, за да се заштити себеси и девојка му Бјанка Валас (31).
„Алис повеќе пати ја прекрши забраната за доближување и тоа продолжи и сега“, рече Груфид и објасни дека одбивала да ги однесе девојчињата на психолог за да им помогне да се справат со разводот.
Алис тврди дека ништо од горенаведеното не е точно и дека не ѝ е јасно од каде дошол до таа информација бидејќи со месеци не контактирал со нив.
„Никој никогаш не ме пријавил за такво однесување. Ниту еден експерт, учител, училишен администратор, советник, терапевт не би можел да го потврди ова“, рече Алис.
За потсетување, семејната драма започна во 2021 година кога актерот побара развод по 14 години брак, по што следеше тешка борба за старателството над ќерките.