Глумицата Кристин Стјуарт се сврши со својата девојка по две години врска

пред 3 години

Ѕвездата на серијалот „Твајлајт“, Кристин Стјуарт (31), по две години врска се сврши со својата девојка, сценаристката Дилан Маер. Глумицата, која во моментов е актуелна со улогата на принцезата Дијана во филмот „Спенсер“, веста за свршувачката ја објави во интервјуто кај Хауард Стерн.

„Ќе стапиме во брак. Дефинитивно ќе го направиме тоа. Сакав да ми предложи брак и мислам дека мошне внимателно навестив што би сакала, а таа во целост го исполни тоа,“ рекла таа.

Зборувајќи за предлогот за брак, Кристин рекла дека кога станува збор за врска меѓу две девојки, помалку е чудно кој ќе му предложи брак на другиот, а кај нив Дилан, прва собрала храброст и ѝ предложила брак.

Кристен и Дилан се запознале на снимање филм во 2013 година, и потоа не се видела шест години. Случајно се сретнале на роденденска забава на пријателка и ја почнале љубовната врска. Во јавноста првпат беа забележани заедно во август 2019 година, а во октомври истата година и официјално ја потврдија својата врска на Инстаграм, откако Дилан објави слика на која се бакнуваат.

Кристин долго време ја криеше својата сексуална определба од јавноста, и долго време беше во врска со мажи. Таа неколку години беше во љубов со глумецот Роберт Патинсон. Тие раскинаа откако во јавноста се појавија информации дека Кристин го изневерила Роберт со режисерот на филмот „Снежана и ловецот“, Руперт Сандерс.

Share
Scroll to Top