Американската актерка Кристина Еплгејт(50) доби своја ѕвезда на Патеката на славните во Холивуд. Таа првпат се појави во јавноста отатко лани и беше дијагностицирана мултипла склероза.
Еплгејт поради болеста има потешкотии во движењето, таа имаше емотивен говор кој го посвети на нејзината ќерка заблагодарувајќи и се за големата поддршка.
„Најважната личност на овој свет е ќерка ми. Благословена сум за секој ден што се будам и те носам на училиште. Ти благодарам што си покрај мене во сето ова“, рече Еплгејт.
Актерката во претходни нејзини излагање најави дека третата сезона од серијата „Дет ту ми“ ќе биде нејзиниот последен актерски ангажман, каде првпат гледачите ќе ја видат како хендикепирана личност .
На актерката Кристина Еплгејт на 36 години и беше откриен рак на дојка.