Го исфрлиле од ресторан со неограничено јадење бидејќи премногу јадел

Го исфрлиле од ресторан со неограничено јадење бидејќи премногу јадел

пред 3 години

Кинескиот блогер г. Канг за ТВ Хунан се пожали на дискриминација врз луѓето кои премногу јадат, откако бил исфрлен од ресторанот со неограничено јадење „Handadi Seafood BBQ Buffet“ во Чангшу, Кина.

Тој во неколку наврати за време на своите преноси во живо докажал дека навистина може премногу да изеде. При првата посета изел 1,5 килограми свинско месо, а вториот пат изел од 3,5 до 4 килограми ракчиња. Тој е разочаран што неговиот огромен апетит за некого претставува проблем и додаде дека ништо не фрлил од храната.

Сепак, незадоволниот сопственикот на ресторанот изјавил за ТВ Хунан дека Канг му ги пореметува сметките со секоја посета.

„Секогаш кога доаѓа, губам неколку стотици јуани. Дури и кога пие млеко од соја, тој пие 20 или 30 шишиња. Јаде цел послужавник свинско месо. А ракчиња кои другите луѓе обично ги земаат со маша, тој ги зема со послужавник и целиот го исполнува со нив”, рекол тој.

Сопственикот додал дека од сега па натаму Канг не смее да доаѓа во неговиот ресторан.

Share
Scroll to Top