Годишнина од смртта на Благоја Георгиевски Буштур

Годишнина од смртта на Благоја Георгиевски Буштур

пред 4 години

На денешен ден пред точно една година загина еден од најдобрите кошаркари во македонската историја Благоја Георгиевски Буштур.

Буштур загина во сообраќајка во Кисела Вода во ноќните часови. Според полициските извештаи, тој изгубил контрола над своето возило, излетал од лизгавиот пат и удрил во еден од бетонските блкови поставени покрај булеварот.

Тој беше легенда на Работнички, а играше и за репрезентацијата на Југославија. Го освои сребрениот медал на Летните олимписки игри во Монтреал во 1976 година.

Беше назначен и за генерален секретар на Коштаркарската федерација на Македонија, селектор на македонската сениорска репрезентација, член на УО и на Собранието на Македонскиот олимписки комитет, а беше и претседател на олимпискиот совет при МОК.

Share
Scroll to Top