Вестите кои доаѓаат од Гугл, ќе ја променат употребата на евтини и стари модели на паметни телефони. Вообичаено е паметните телефони со Андроид со шест, осум или дури и повеќе гигабајти РАМ да се најдат на пазарот и да имаат најмалку 64 GB внатрешна меморија. Дури и кај поевтините модели може да се забележат овие спецификации кои на корисникот му овозможуваат користење на паметен телефон без да се грижи за минималните барања потребни за користење на апликациите на Гугл.
На пазарот има и паметни телефони кои имаат пониски спецификации, кои често може да се најдат во употреба, а некои од нив имаат вредности на работна меморија дури и под 2 GB РАМ. Станува збор за многу евтини производи кои најчесто се купуваат за постари корисници, деца или за краткорочна употреба и кои користат приспособена Андроид Гоу верзија на популарниот оперативен систем, пишува PC CHIP.
Новите вести, кои доаѓаат од Гугл, значително ќе ја променат употребата на евтини и стари модели на паметни телефони. Деновиве Гугл официјално ја истакна најавата во врска со користењето на GMS, т.е. категорија Гугл Мобалај Сервис која всушност се однесува на сите апликации на Гугл кои се длабоко интегрирани во Андроид.
GMS всушност обезбедува пристап до многу апликации кои се на телефоните во секојдневна употреба, имено Плеј Стор, Гугл Срч, Гугл Мапс, Џимеил, Хром, Јутјуб и многу други. За користење на овие апликации, Гугл ги зголемува минималните барања за работна меморија на паметните телефони на 2 GB РАМ. Со други зборови, сите спецификации пониски од тоа повеќе не можат да користат апликации на Гугл.
Почнувајќи со Андроид 13, на паметните телефони ќе им треба најмалку 2 GB РАМ и 16 GB внатрешна меморија за да ги извршуваат апликациите на Гугл кои се дел од GMS. Ова важи и за уредите со Андроид Гоу, кој е оптимизиран за употреба на послаби уреди. Телефоните со работна меморија од 1 GB РАМ се премногу слаби за современите барања на уредите и Гугл трајно ги отстрани од листата со новите минимални спецификации, што е уште еден дополнителен чекор кон се поквалитетно корисничко искуство. Последните слични промени беа имплементирани од Гугл уште во 2017 година. Тие беа поврзани со Андроид Гоу и потоа минималните спецификации за работна меморија беа зголемени од 512MB на 1GB и веќе беше време да се направи дополнителен чекор кон уште подобра оптимизација на Андроид за корисниците.