Македонскиот мејкап артист Александар Дадар се погрижи за изгледот на хрватската ѕвезда Северина, која синоќа направи забава за паметење во „Мош бар“ во Скопје.
„Шминка за најпрекрасната Севе“, рече Дадар по нејзиниот настап.
За потсетување, ова не е првпат Дадар да ја шминка Северина. За секој нејзин настап во Македонија, без оглед дали е тоа концерт во Скопје, Охрид или на пастрмалијада во Штип, тој е задолжен за нејзиниот изглед. Првпат ја нашминка во 2006 година кога Северина дојде во Скопје пред Евровизија за да ја промовира својата песна „Моја штикла“, а ја разубави и за „Вино фест“ во Кавадарци.