Даниел Поповиќ откри која е Џули од неговата евровизиска песна

Даниел Поповиќ откри која е Џули од неговата евровизиска песна

пред 2 години

Хрватскиот музичар Даниел Поповиќ, кој ја претставуваше Југославија на Евровизија 1983 година во Минхен со песната „Џули“, откри дека песната ја посветил на својата прва љубов, Ангела од Германија.

„Песната го освои четвртото место и стана хит. Текстот го напиша Марио Михаљевиќ, ама името Џули беше моја идеја. Така ја викав својата прва љубов која со родителите дојде на море од Германија. Таа се викаше Ангела Басеврал, а песна раскажа за нашето лето“, рекол пејачот во интервју за „Ин магазин“.

Во разговорот Даниел се потсетил и на својот евровизиски настап.

„Пред да излезам на сцената, сцената многу брзо се менуваше. А потоа турнаа клавир пред мене. Кога се провлекував покрај тоа клавир, се заглави ременот на сината јакна, но јас се фатив за топката од тоа пијано и некако се префрлив преку него,“ раскажал тој.

„Џули“ потоа беше испеана на многу светски јазици.

„Во Норвешка АББА имаше 25.000, а јас 40.000 посети, што е феноменално. Во еден момент бев сам пред Мајкл Џексон по бројот на продадени плочи, поточно во Норвешка. Што се однесува до Германија, таму продадов 500.000 синглови, и бев пред Дејвид Боуви и Мајкл Џексон на топ листите. ‘Браво’ основаше мој фан клуб, навистина беше лудо. Одевме од една шоу програма во друга“, рекол Даниел.

Share
Scroll to Top