Една од најпопуларните глумици во Србија, Даница Максимовиќ (67), неодамна гостуваше во телевизијата К1 на Жељко Јоксимовиќ, каде што зборуваше за кариерата, но и за приватниот живот. Таа вели дека во Србија жените постари од 50 години се отпишани, и дека баш затоа сака да провоцира, па објавува слики во бикини.
„Не знам зошто е така, но така е. Јас многупати во животот сум била навредувана за возраста од жени. Ама не се давам. Затоа од инат на ‘Инстаграм’ ставам фотки од џакузи. Па кога ќе го правам тоа ако не сега“, рекла глумицата.
Таа открила дека изгледа добро затоа што се грижи за себе и својот изглед.
„Изгледам добро затоа што вежбам, се негувам, се хранам квалитетно. Не пијам алкохол веќе 30 години. Јас сум селско дете, родена сум во близина на Рудник, но отсекогаш сум знаела што сакам. Не ми е гајле што зборуваат другите“, додала Даница.