Дарко Лазиќ ја изневерувал свршеницата со поранешна девојка, Марина му ги нашла пораките во телефонот

Дарко Лазиќ ја изневерувал свршеницата со поранешна девојка, Марина му ги нашла пораките во телефонот

пред 4 години

Свршеницата на пејачот Дарко Лазиќ, Марина Гагиќ го оставила затоа што ја изневерил со друга девојка, пренесуваат медиумите. Таа наводно откако му ги открила скриените пораки во телефонот, го земала синот и се иселила од семејната куќа во селото Брестач.

Лазиќ ја изневерувал Марина со неговата поранешна девојка, која исто така живее во неговото село. Двајцата веќе некое време биле во контакт, а откако Марина ги открила пораките, решила да го остави.

„Дарко неодамна во селото ја сретна поранешната девојка со која кратко се забавуваше. Таа го повреди кога го остави, но, по нивната повторна средба Лазиќ реши повторно да и се врати. Постојано и праќаше пораки, а една од нив ја видела и Марина“, изјавил извор близок до пејачот.

Претходно медиумтие пишуваа дека Марина го оставила Лазиќ затоа што и се заканувал со пиштол.

Свршеницата го напушти Дарко Лазиќ откако ѝ се заканувал со пиштол

Share
Scroll to Top