Дајана Рос по 15 години се враќа на музиката: Пејачката сними албум во осмата деценија

Дајана Рос по 15 години се враќа на музиката: Пејачката сними албум во осмата деценија

пред 3 години

Легендарната пејачка Дајана Рос на 77 години повторно ќе почне да пее. Таа по 15 години пауза снима нов албум, кој ќе го промовира наскоро. Рос веќе ја објави насловната песна од истоимениот албум, Thank You, и најави дека албумот ќе излезе во продажба на есен.

Пејачката го сними албумот во нејзиното домашно студио за време на локдаунот. Вели дека 13. песни пренесуваат порака на „среќа, благодарност и радост“.

„Оваа колекција на песни е мојот подарок за вас со благодарност и љубов. Вечно сум благодарна што во овој момент имав можност да ја снимам оваа славна музика.Оваа песна за љубовта ја посветувам на сите вас, слушатели. Додека го слушате мојот глас, го слушате и моето срце “, изјави таа.

Последниот студиски албум на Рос беше I Love You, објавен во 2006 година.

Поранешната пејачка на „Сјупримс“ собра познати текстописци за овој проект, кои се најпознати по работата со млади sвезди. Thank You ќе биде првиот албум на Рос на „Дека рекордс“, британска издавачка куќа основана 1929 година.

Share
Scroll to Top