Девојка почина откако се задуши со хиџабот во забавен паркво Лондон

Девојка почина откако се задуши со хиџабот во забавен паркво Лондон

пред 4 години

Петнаесетгодишната девојка Руваида Адан починала откако нејзиниот хиџаб се заглавил во картинг возило во забавен парк и ја задушил. Таа се задушила само неколку минути откако отишла на картинг со пријателите во Лондон.

dobivaj vesti na viber

Задниот дел од нејзиниот хиџаб се одмотал од под кацигата и висел зад неа, по што се зафатил под тркалата. Веднаш била пренесена во болница, но повредите биле пресериозни, па починала четири дена подоцна.

Oбвинителот вели дека Руваида требало да биде предупредена дека мора да ја извади шамијата од главата, бидејќи организаторите имаат строги правила секоја широка облека да се отстрани пред да започне трката. Овојпат тие не го сториле тоа, пишува „Дејли мејл“.

Поротата засега констатирала дека организаторите не направиле ништо за да ја заштитат или да ја спречат да вози доколку не сака да го соблече хиџабот. Во исто време биле констатирани технички проблеми кај автомобилот кој немал соодветна заштита на тркалата.

Инаку инцидентот се случил во август минатата година, а сега е во тек судењето за надлежните од забавниот парк.

 

Share
Scroll to Top