Аранца Марија Охоа Лопез во 2018 година имала само четири години кога била киднапирана во трговски центар во Вашингтон. Денес е пронајдена жива во Мекскико, соопштија од ФБИ. Последен пат е видена во посета на трговскиот во Ванкувер во Вашингтон, каде била со нејзината биолошка мајка.
Мајка ѝ е уапсена во 2019 година, во Мексико, но Марија, која денес има 8 години и понатаму се водела како исчезната. Таа била најдена во Мексико во февруари и сега е вратена во САД, велат официјалните лица.
„Повеќе од четири години ФБИ и нашите партнери не се откажаа од Марија. Нашата грижа е целосна поддршка за девојчето додека ја започне својата реинтеграција во САД“, рече Ричард А. Колоди, специјалниот агент за теренска канцеларија на ФБИ во Сиетл.
Мајка ѝ Есмералда Лопез ја признала вината во јануари 2021 година. Осудена е на 20 месеци затвор, пренесе порталот „Колумбијан“. За детето
Детето било згрижено од државата откако во 2017 година било сместено во згрижувачко семејство по поплаки дека нејзината мајка ја малтретирала. На мајката ѝ било дозволено да ја посетува два пати неделно, а за време на една од посетите, ќерката ја замолила да ја однесе во тоалетот во трговскиот центар. Таа потоа побегнала со девојчето со автомобил управуван од соучесник, пишува весникот.