Дипломираше пејачот Александар Темелков, сега ем ќе пее ем ќе прави вино

Дипломираше пејачот Александар Темелков, сега ем ќе пее ем ќе прави вино

пред 3 години

Пејачот Александар Темелков, кој стана познат по учеството во „Ѕвездите на Гранд“, се пофали дека сега е дипломиран винар. Тој објави слика од табло и откри дека ги завршил студиите по Енологија на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Енологија е науката која се занимава со виното и винарството, од гроздоберот до пакувањето на виното во шише. Стручњакот по енологија се нарекува енолог, но може да биде и винар.

Пријателите и следбениците на социјалните мрежи му честитаа на успехот, па го прашаа кога ќе почне да произведува свое вино, ама му кажаа и дека очекуваат нови песни од него.

Темелков го привлече вниманието на јавноста со шоуто „Ѕвездите на Гранд“, кога ја крена во раце Карлеуша, па и таа го креваше него, ама и кога лут си замина од сцената, оти мислеше дека жирито неправедно не му даде гласови. Оттогаш почна да снима свои песни, и досега има осум авторски песни.

 

Share
Scroll to Top