По веста за смртта на 19-годишниот внук на Роберт де Ниро, Леандро Родригез, за првпат се јави холивудкиот глумец. Рече дека бил длабоко потресен и побара од сите да ја почитуваат приватноста на семејството.
„Длабоко ме потресе смртта на мојот сакан внук Лео. Сакам да им се заблагодарам на сите за подрршката и изјавите со сочувство. Сакам и да ве замолам да ја испочитувате приватноста за да можеме достоинствено да го жалиме и испратиме Лео“, рече Де Ниро.
За потсетување, телото на Леандро бил пронајдено во стан на Вол Стрит, а до него имало дрога, пренесе „Дејли мејл“.