ОВЕН
Ви претстои голема нервоза на работа поради неочекувано лошите резултати. Сте очекувале многу повеќе, и затоа сте разочарани. Односот со брачниот партнер е стабилен. Тој трпеливо чека да минете низ кризниот работен период. Не сте расположени.
БИК
Работата не само што е стабилна, туку постои и барање на вашите услуги, па така добивате нов клиент. Ако сте слободни или во врска, целосно сте незаинтересирани за врска. Не ве интересира ниту дружење, ниту комуникација. Стабилно здравје.
БЛИЗНАЦИ
Ве чека краток службен пат. Надредената личност е воодушевена од вашите резултати, иако верувала во вашиот успех. Во целост сте фокусирани на работните обврски, па така на брачниот партнер не посветувате доволно внимание. Нервоза.
РАК
Изненадувачки добивате слободни денови кои не сте ги ни барале. Исплашени сте да не е најава за отказ. Ве боли емотивната незаинтересираност на брачниот партнер. Имате впечаток дека сте губитник. Депресија ве следи.
ЛАВ
Не успевате да го активирате работниот процес. Немате повеќе идеи што да направите за работата да се стабилизира. Брачниот партнер е нерасположен. Не сакате да му додевате со своите проблеми. Ве очекуваат проблем со црниот дроб.
ДЕВИЦА
Имате премногу обврски и тешкотии на работа, кои морате да ги решите. Нервозни сте и не дигате глава од обврски. За љубов не размислувате. Сега сте фокусирани на обврските на работа кои ги имате. Напнати сте.
ВАГА
Работната ситуација е стабилна, како и приливот на пари. Имате чувство дека никој и ништо не може да ја поремети ситуацијата на работа. Односто со брачниот партнер е стабилен. Приметувате дека е нерасположен, но тоа нема врска со вас. Стабилно здравје.
ШКОРПИЈА
Единствената работа која нормално се одвива е работата со странците. Во сите други области ве очекуваат проблеми. Загрижени сте поради лошите финансии. Партнерот пробува да ве смири и да ви објасни дека ситуацијата и не е така лоша. Чувствителна глава.
СТРЕЛЕЦ
Добивате нова понуда. Поволна е, но вие сте задоволни со моменталната работа. Не сте сигурни дали да ја прифатите. Задоволни сте од врската. Другата половина размислува за потомство, но трпеливо чека вие да почнете разговор. Одлично се чувствувате.
ЈАРЕЦ
Ве очекува голема нервоза на работа, и тоа поради финансиите. На граница сте да дадете отказ. Бракот е стабилен и покрај тоа што минувате низ лична криза. Саканата личност верува дека на крајот се ќе биде во ред. Нерасположени сте.
ВОДОЛИЈА
Исчекувате тајна финансиска добивка. Ако се занимавате со приватен бизнис, ве очекува краток службен пат. Брачниот партнер е толерантен кон вас, со оглед дека ништо не ве интересира, ниту комуникацијата со него, ниту интимата. Наклонетост кон депресија.
РИБИ
Ве очекува воспостатување на долгогодишна соработка со странски соработници. Не е поволен денот за љубов. Ако сте во врска или брак, не ве интересира партнерот. Добро се чувствувате.