Добитничката на Нобелова награда за мир, Малала Јусафзаи и компанијата „Епл“, ќе снимаат детски серии, драми и документарци, кои ќе се емитуваат на стриминг сервисот на технолошкиот гигант. Од „Епл“ веќе ја објавија соработката со продукциската куќа на Малала, „Екстракурикулар“.
Соработката двете страни ја почнаа уште во 2018 година. Фондот кој го создаде Јусафзаи, „Малала фонд“, има намена да ја прошири можноста за образование на девојките ширум светот.

Со тоа таа им се приклучи на големите имиња уметници, кои соработуваат со „Епл“, како што се Опра Винфри, Мартина Скорсезе, Октавиа Спенсер, Афонса Куарона и Том Хенкс.
За потсетување, Јусафзаи во 2012 година преживеа откако беше застрелана во глава. Таа беше мета на напад на талибанци, поради нејзината кампања против нив за скратување на образованието на жените. Минатата година дипломираше на „Оксфорд“.
Ќе ви се допадне
Demon Slayer: Kimetsu no Yaiba Episode 26 at website https://animetv.cc anime online
Attack on Titan Final Season (Dub) Episode 8 at website https://kissanimeonline.com. See more free anime
Би можело да ве интересира
Анѓушев на европски форум за енергија во Атина: потребни се технички решенија за енергетската криза
Албански глумец со сопругата паднале од шести кат од зграда во Њујорк
Тијана ме извлече од токсична врска и ме научи дека за љубов не треба да се трудиш- Искрено со Миа Костова
Астероид со големина на автобус се приближува кон Земјата
Македонија пред шанса за настап на СП во ракомет
Со кратко хорор видео Хјди Клум и среде падемија е Hаlloween кралица
