Домашен чизкејк со боровинки - Reporter.mk

Домашен чизкејк со боровинки – Reporter.mk

пред 3 години

Потребни состојки:

Подлога:
200 гр мелени бисквити
30 гр шеќер во прав
125 гр стопен путер
Ванила-сир

Фил:
500 гр крем-сирење
150 гр шеќер
1 лажица екстракт од ванила
4 јајца

Прелив од боровинки:
200 гр боровинки
150 гр шеќер
1-2 пакетчиња лимонтус
100-150 мл вода
1 лажица нишесте

Уште 200 гр слатка павлака

Начин на подготовка:

Се мешаат шеќерот и мелените бисквити, се додава стопениот путер и повторно се меша додека не се навлажнат сувите делови. Смесата се натапкува на дното и малку на страниците во огноотпорен сад бр. 26. Рерната се загрева на 160 степени. Се спрема кремот од ванила – крем-сирењето се мати со шеќерот, се додава ванилата и постепено се дотураат претходно разматените јајца со жица или со виљушка. Смесата се истура врз подлогата и се става да се пече околу 25 минути на 180 степени. Откако ќе се испече, се приготвува филот од боровинки. Се пасира овошјето, па заедно со шеќерот и половина од водата се става во длабок сад да се вари. По 5 минути се додава разматеното нишесте во останатата вода и се меша додека згусти. Боровинките се ставаат врз ванилата кремот, па откако ќе се олади врз него се става и изматена слатка павлака и се украсува по желба. Тортата нека отстои во фрижидер неколку часа пред да ја послужите.

Share
Scroll to Top