Доцнев поради сообраќајка, а не заради шминка, вели Калиопи по објавата на Весна Дедиќ дека глумела ѕвезда и не дошла на снимање

Доцнев поради сообраќајка, а не заради шминка, вели Калиопи по објавата на Весна Дедиќ дека глумела ѕвезда и не дошла на снимање

пред 3 години

Откако српската водителката Весна Дедиќ во интервју рече дека никогаш нема да ја викне Калиопи во емисијата „Балканска улица“, оти била непрофесионална и ѝ се заканувала со отказ, пејчката вели дека тоа не е точно. Калиопи изјавила дека е шокирана од изјавата на водителката и дека не е точно дека ѝ се заканила дека ќе ја отпушти.

„Никој не ме познава како таква личност како што вели Весна. Јас навистина не знам што се случи со дамата и што сакаше да каже со тоа. Јас ја работам оваа работа веќе 35 години и никој никогаш не ми кажал такво нешто, ниту ме навредувал како неа. Вистина е дека доцнев на таа неславна снимка поради сообраќајна несреќа поради лошо време, бидејќи патував од Загреб кон Белград, нејзиниот продуцент го знаеше тоа“, рекла Калиопи за српски „Курир“.

Калиопи вели дека таа не ја познава лично Весна, но дека ја почитува нејзината работа.

„Шокирана сум од она што го зборува таа. Како и да е, јас Весна Дедиќ, колку што не ја познавам, ја почитувам како интелектуалец, новинар и писател, дури и ги читам и нејзините книги. Она што го зборува е сосема туѓа работа за мене, навистина не знам за што зборува таа жена. Калиопи се бори луѓето да добијат работа, а не да се заканува на некого со отказ, тоа е скандалозно за што зборува. Никогаш во животот немав проблем од ваков вид“, додала Калиопи.

Иако прејачката негира дека глумела ѕвезда, Дедиќ вели дека сè што кажала е вистина.

„За жал, Тијаниќ не е жив, па не можам да ви кажам да го прашате него. Без оглед на сè, јас сепак ја слушам Калиопи и не е важно што стори во афект“, рекла водителката.

За потсетување, Дедиќ изјави дека Калиопи во една прилика не се појавила на закажаното снимање, а таа и тимот не сакале да ја чекаат, но најголемиот проблем се јавил, откако Калиопи ѝ се заканила дека ќе ја отпуштат од работа ако не ја почека за снимањето.

„Таа рече дека ќе му се јави на тогашниот директор да му каже да ме отпушти ако не ја чекам. Јас и реков, слободно јави се. Таа сакаше прво да оди во хотел, да се преоблече, нашминка, и одмори, да потоа да дојде, иако вече доцнеше. Никогаш не се појави на снимањето, а јас не сакав да чекам неколку часа. Никогаш нема да ѝ го заборавам тоа ни да ја викнам во емисија“, рече водителката.

„Калиопи бараше да добијам отказ“: Водителката Весна Дедиќ разочарана од пејачката

Share
Scroll to Top