Рап-легендата и музички продуцент Доктор Дре рече дека се чувствува одлично благодарение на својот медицински тим, откако неделава претрпе мозочна аневризма и беше на интензивна нега.
Според ТМЗ, Дре претрпел аневризма во понеделникот и со возило на брза помош бил пренесен во медицинскиот центар „Седарс-Синај“ во Лос Анџелес.
„Благодарност до моето семејство, пријатели и фанови за нивниот интерес и желби за брзо заздравување. Одлично се чувствувам и добивам одлична нега од мојот медицински тим. Набргу излегувам од болница и се враќам дома. Благодарност до сите големи медицински професионалци во Седарс“, напиша Дре на социјалните мрежи.