Раперот Дрејк со неговиот колега 21 Савеџ, пред неколку дена го објави новиот албум Her Loss, а за негова промоција ја искористил една од насловните страници на списанието „Вог“. Сега се тужени и од нив се бараат 4 милиони долари. Копиите од постерите од страната на „Вог“ биле поставени по цел Њујорк.
Оригиналните списанија пак ги продавале низ Мајами, Атланта и Лос Анџелес.
Во тужбата која им ја поднела медиумската компанија Condé Nast, под чија сопственост е „Вог“, биле побарани од Дрејк и неговиот тим да прекине со неовластената употреба на заштитниот знак на „Вог“ и да прекине со каква било дистрибуција на лажното списание, пренесе Page Six.
На некои од страниците во списанието може да се видат и фотографии од глобалната уредничка директорка на „Вог“, Ана Винтор, која исто така не дала никакво одобрение за тоа.