Дуа Липа ќе дизајнира облека за модната куќа Версаче

Дуа Липа ќе дизајнира облека за модната куќа Версаче

пред 2 години

Пејачката Дуа Липа ќе дизајнира облека за модната куќа Версаче. Во последните неколку години покрај големите хитови, пејачката стана и модна икона, па дури и беше една од домаќинките на овогодинешната Мет Гала.

Дел од новата колекција на Версаче ќе биде креирана и од Липа. Се нарекува La Vacanza, што преведено на италијански значи Одмор.

La Vacanza ќе го има своето модно деби во Кан, за време на Филмскиот фестивал што ќе се одржи на 23-ти мај.

Донатела и пејачката се добри пријателки, а модната куќа ја поддржува нејзината музичка кариера уште од самиот почеток. За Дуа Липа оваа можност е исполнување на нејзините соништа. Таа многу често носи и креации на Версаче и е главен гостин на нивните ревии.

Откако шоуто ќе заврши колекцијата ќе биде достапна онлајн и во продажните места на модната куќа на глобално ниво.

Share
Scroll to Top