Ема Вотсон снимена како се бакнува со мистериозен маж, откриено за кого се работи

Ема Вотсон снимена како се бакнува со мистериозен маж, откриено за кого се работи

пред 2 месеци

Актерката Ема Вотсон моментално магистрира вонредно на Оксфорд, а фотографите ја фатија како се бакнува со мистериозен маж, пишува Daily Mail.

Парот уживал во слаткарница во близина на универзитетот, а извор близок до странските медиуми рекол дека имало пријатна атмосфера додека биле на состанок. Се вели дека мистериозниот човек на актерката е нејзиниот колега, студентот од Оксфорд, Киеран Браун, за кој се вели дека докторирал по литература и економија од 19 век.

„Ема студира креативно пишување, а неговиот труд е за теоријата на литературата, така што можат да зборуваат за многу работи. Изгледа дека многу се сакаат”, изјавил извор за „Сан“.

Инаку, пред најмалку една година, актерката раскина со Брендон Грин, синот на деловниот тајкун Сер Филип, по 18-месечна сериозна романса.

Поранешниот пар ги запозна родителите, уживаше во романтичен одмор во Венеција, но на љубовта и дојде крајот. Грин беше познат како вљубеник во забавата и беше со бројни модели пред да влезе во врска со актерката.

Share
Scroll to Top