Најголемиот црн дијамант кој настанал во вселената е продаден за 3,75 милиони евра

Најголемиот црн дијамант кој настанал во вселената е продаден за 3,75 милиони евра

пред 2 години

Најголемиот природен црн дијамант на светот, Енигма, кој настанал во вселената, е продаден на аукција во Лондон за 3,75 милиони евра, објави Сотби. Дијамантот е продаден на онлајн аукција.

Енима во 2004 година е прогласен за најголем природен црн дијамант на светот, а влезе и во Гинисовата книга на рекорди како најголем исечен дијамант.

За разлика од класичните дијаманти кои се извлекуваат од длабочините на Земјата, црните дијаманти се повеќе на површината, поради што се верува дека се настанати во вселената. Потеклото на овие дијаманти е од метеорит или од експлозија на супернова која формира астероиди со дијаманти кои потоа се судираат со Земјата, се аведува во соопштението на аукциската куќа.

Таквите дијаманти се наоѓаат исклучиво во Бразил и Централноафриканската Република. Нивната структура ги прави меѓу најтешките, па речиси е невозможно да се исечат и полираат.

„Енигма“ имал повеќе од 800 карати во груба форма и биле потребни повеќе од три години за да се избруси, а сега има само 555,55 карати и тежи 111 грама.

Share
Scroll to Top