Сестрата Дора направи роденденска торта за Тоше

Сестрата Дора направи роденденска торта за Тоше

пред 3 години

Дора Ристеска, сестрата на починатата поп-ѕвезда Тоше Проески, денеска со торта го одбележа денот на неговото раѓање, 25 јануари. Таа објави слика од тортата украсена со розови цветови и порака „Те сакаме сите Тоше“, потсетувајќи зборовите што тој постојано им ги кажуваше на неговите фанови „Сите ве сакам“.

Не е првпат семејството на Тоше да го одбележи денот на неговото раѓање со торта. Тие лани направија торта со детелина со четири листа, симболот на среќата, а претходно на гробот на Тоше на Гумење, Дора остави торта со порака „најмило мое“.

По повод денот на раѓање на Тоше, во Загреб вчера се одржа молитва, а денеска во Скопје, по 17. пат се организира традиционална крводарителска акција.

Share
Scroll to Top