Емили Ратајковски се разведува, ја изневерил сопругот

Емили Ратајковски се разведува, ја изневерил сопругот

пред 3 години

Манекенката Емили Ратајковски планира да се разведе од сопругот Себаситијан Бер Меклард, откако наводно ја изневерил, пренесе Page Six.

dobivaj vesti na viber

Една од најуспешните манекенки во светот наводно се разведува од сопругот по четири години брак во кој го добија синот Силвестер.

„Да, точно е дека ја извевери. Тој е сериски изневерител. Одвратен е. Тој е куче“, рече извор близок до Емили за магазинот.

Иако според судскиот регистар манекенката сè уште не поднела барање за развод, веќе ги покренаа шпекулациите за разделба уште во четвртокот кога Емили е видена без венчалниот прстен.

За потсетување, Емили и Себастијан се венчаа во февруари 2018 година, а две недели пред венчавката објавија дека се заедно. Силвестер го добија во март 2021 година, откако претходно манекенката ја објави бременоста во видео за Вог.

Тогаш рекоа дека не сакаат да го знаат полот на бебето и објаснија дека кога ќе порасне, тоа самото треба да одлучи како да се идентификува.

„Сакаме да одговориме дека нема да го знаеме полот на нашето дете додека не наполни 18 години и дека тогаш тоа ќе ни каже“, рече Емили за „Вог“.

Share
Scroll to Top