Ен Хеч, Том Сизмор и Пол Сорвино изостанаа од листата Ин мемориам на Оскарите

Ен Хеч, Том Сизмор и Пол Сорвино изостанаа од листата Ин мемориам на Оскарите

пред 2 години

Секоја година Академијата им оддава почит на истакнати филмски работници кои повеќе не се меѓу нас. Но, исто така, секоја година успеваат да изостават многу значајни имиња од светот на филмот од нивниот Ин мемориам дел од програмата, пренесоа некои од американските медиуми.

Меѓу оние кои беа заборавени оваа година се актерката Ен Хеч, која глумеше во голем број филмови, како што се „Дони Браско“ и „Атика“ и други. Исто така не се спомена ни Том Сизмор, кој почина неодамна на 3 март, а е познат по улогата во легендарниот филм „Спасување на војникот Рајан“.

Друг одличен глумец кој не се спомна е Пол Сорвино кој глумеше во „Добри пријатели“ и во култниот филм на Баз Лурман „Ромео + Јулија“. Долг е списокот на оние кои не се вклучени во ова последно збогување и почит.

На пример, Лесли Џордан, која глумеше во „Sordid Lives“ и „The United States vs. Billie Holiday“. Младата актерка од JAR, Чарлби Дин, која глумеше во филмот „Триаголник на тагата“ и која ненадејно почина минатата година на само 32-годишна возраст исто така не се спомна иако нејзиниот филм се натпреваруваше во категоријата за најдобар филм.

Во шоуто во живо, Лени Кравиц изведе соголена верзија на неговата песна „Calling All Angels“, придружена само со пијано, откако Џон Траволта емотивно го најави делот, сеќавајќи се на неговата колешка од „Брилијанин“ Оливија Њутн-Џон. Таа беше заборавена на „Еми“ наградите минатата година.

Share
Scroll to Top