Ени Хокинс (65) е жената со најголеми природни гради во светот. Таа го држи Гинисовиот рекорд повеќе од 13 години, бидејќи нејзините гради тежат 51 килограм. Едната града ѝ е 109,22 см, додека другата 177,8 см. Таа го носи и најголемиот градник некогаш направен и неговата големина е околу 102.
„Кога ќе излезам од дома, морам да размислам каков ќе ми биде денот и кој ќе ме нападне денеска. Ме задеваат тие што воопшто не ме познаваат. Ме исмејуваат без причина. Јас сум човек како и сите други. Овие напади го погодуваат мојот син, бидејќи тој е свесен што зборуваат за неговата мајка“ рекла Ени во интервју.
Таа вели дека мора да внимава како станува или лежи во кревет, за да не се повреди. Не може ни долго да стои, поради силни болки во рамената. Сепак, вели, никогаш не размислувала за операција за да ги намали.
„Целосно прифатив дека сум различна, и иако многу луѓе ми предложија операција, не сакам да бидам иста како сите други. Мислам дека сум благословена затоа што сум поинаква. Таква сум родена и не сакам да се менувам само за да ги исполнам стандардите на општеството. Јас сум една во милион“, додала таа.