Британскиот актер и прочуен оскаровец Ентони Хопкинс ја нема видено својата ќерка Абигејл Хопкинс повеќе од 20 години. Тој за нивниот однос речиси никогаш не зборувал.
Славниот актер ја толкува главната улога во новиот филм „Татко“, и вели дека таа филмска приказна многу го потсетува на неговиот приватен живот.
Ентони и Абигејл немаат никаков однос две децении, тие не разговараат и тој не знае ништо за неа, за нејзината работа, ниту, пак, за приватниот живот. Целата работа ескалирала до таа мерка, што тој не знае дали неговата ќерка има деца.
Се работи за многу чувствителна тема, за која Ентони не разговарал ниту со најблиските пријатели, а особено на оваа тема не разговарал со медиумите.
„Сите во неговата околина знаат дека таа тема никогаш не ја споменува. Го прогонуваа демони со години, но сега е добро и никој не сака да ги отвора тие стари рани“, изјавил извор близок до актерот.
Тој во едно неодамнешно интервју открил дека се чувствува добро и дека ужива во брак со третата сопруга Стела, а за ќерката не говори премногу.
„Не знам што би можел да ви кажам. Луѓето се разделуваат, семејствата се распаѓаат, животот тече понатаму. Не сте должни да го сакате своето семејство“, изјавил актерот.
За потсетување, 82-годишниот Ентони во нивниот филм го глуми маж кој се бори со деменција, а критичарите предвидуваат дека славниот актер би можел да добие и втор Оскар, за најдобра машка улога во својата кариера.
Првпат легендарниот сктер добил Оскар за улогата Ханибал Лектор, во хорор-филмот „Кога јагнињата ќе стивнат“.