Милијардерот и сопственик на „Твитер“, Илон Маск, откри дека ангажирал жена да ја превземе неговата директорска функција. Маск кој го купи „Твитер“ во октомври 2022 година твитна:
„Возбуден сум што можам да објавам дека имам нов извршен директор за „Твитер“. Таа ќе почне за шест недели. Мојата улога ќе премине на местото извршен претседател и главен директор за технологија, надгледување на производот и софтверот“, рече Маск.
Засега милијардерот не го откри идентитетот на жената.