„Жени во Собрание“ ќе го отвори 24. издание на фестивалот за Монодрама во Битола

„Жени во Собрание“ ќе го отвори 24. издание на фестивалот за Монодрама во Битола

пред 2 години

Театарската претстава на Театар Комедија ,,Жени во Собрание” во режија на Ќендрим Ријани, вечерва во Битола го отвора 24. издание на Интернационалниот фестивал на монодрама, чиј домаќин и организатор е националната установа Центар за култура Битола.

На фестивалските сцени публиката ќе погледне монодрами со актери од Црна Гора, Естонија, Косово, Израел, Србија, Монголија, Италија, Шпанија, Хрватска, Литванија и Северна Македонија.

Свеченото отворање ќе се одржи на сцената „Благој Стефановски-Баге“, во битолскиот театар.

Share
Scroll to Top