Ниту еден маж на балканската јавна сцена не зборувал за третманите за убавина кои ги прави, освен Драган Којиќ Кеба. И додека зборува за тоа како 600 евра дал за корекција на веѓите, сепак со домашни намирници го негува лицето.
-Тешко ми е, на пример, кога треба да ставам пудра за снимање и емисии, генерално препорачувам што помалку шминка, бидејќи на други начини лицето може да изгледа затегнато и свежо. Тука има секакви работи, вели Кеба.
Потоа го откри својот евтин трик за убавина.
-На пример, се мијам со сапун од маслиново масло, кој колку и да го исплакнам остава трага од масло лековито за лицето. Некое време вежбав да се мијам со кисела вода наутро, штом се будам. Од овие состојки во газирана вода лицето дополнително се ексфолира и затегнува. Не треба да го правите тоа секое утро, но повремено да, всушност само како пилинг. Кога ќе завршам, користам креми, открил пејачот.