Глумецот Кевин Спејси денес стигна во прекршочниот суд во Вестминстер, за да се соочи по сите точки на обвинение за сексуално злоставување.
Тој е обвинет по четири точки за сексуално злоставување од тројца мажи и за наведување на лице на пенетративна сексуална активност без согласност. Спејси пред судот се изјасни за невин, пренесе Mirror.
Обвинувањата следа откако Кралското обвинителство ги прегледа доказите кои ги собра Метрополитската полиција за време на истрагата.
Оскаровецот е обвинет по две точки за сексуален напади на маж, кој сега има 40 години, во март во 2005 година во Лондон, за сексуален напад на маж кој сега има 30 години, во август во 2008 година во Лондон и по одделна точка за пенетративна сексуална активност врз лице, без нејзина согласност. Тој е обвинет и за сексуален напад врз маж, кој сега исто така има 30 години. Нападот се случил во април 2013 година во Глострешир.
Кралското обвинителство го одобри подигањето на обвиненијата против Спејси уште минатиот месец, но против глумецот можеше да се подигне обвинение дури откако ќе пристигне во Обединетото Кралство.
„Иако сум разочаран од нивната одлука да тргнат напред, јас доброволно ќе се појавам во Обединетото Кралство што тоа ќе биде организирано и ќе се бранам од овие обвиненија кои сум убеден дека ќе ги оспорам и ќе ја докажам мојата невиност“, рече Спејси за „Добро утро Америко.
Тој во судот се појави во светлосино оддело и очила. За потсетување, Спејси освои два Оскари и е познат по улогите во филмовите „Сомничени“, „Вител“ и политичката драма на „Нетфликс“ „Куќа од карти“. Бил и уметнички директор на театарот „Олд Вик“ во Лондон.