Франција ќе го продолжи Еврпското првенство без Усман Дембеле откако фудбалерот заработи повреда. Француски „РМС“ пренесе дека играчот на Барселона ќе се врати дома.
Дембеле доживеал повреда на мускулот со Унгарија во второто коло и ќе се опоравува во наредните три недели. Французите имаат четири бода во групата, а во среда ги чека мечот со Португалија. Тренерот Дидие Дешамп нема право на замена за повредениот Дембеле.
Турнирот е завршен и за шкотскиот фудбалер Вили Гилмур. Тој доби позитивен тест на корона и ќе мора да биде во изолација минимум 10 дена. Тој ќе го пропушти мечот со Хрватска во вторник, меч кој ќе одлучува кој ќе продолжи понатаму. Претходно поради коронавирус, Жоао Кансело од Португалија, исто така го заврши турнирот предвреме.