Заев сака да се види со фудбалерите, макар и во ресторан, Сејдини не дава оти такви биле правилата на УЕФА

Заев сака да се види со фудбалерите, макар и во ресторан, Сејдини не дава оти такви биле правилата на УЕФА

пред 3 години

Премиерот Зоран Заев сакал да се сретне со фудбелрите пред почетокот на ЕП, ама претседателот на ФФМ, Мухамед Сејдини, му забранил, вели тој.  И покрај поканата што ја добил од нив, не му било дозволено да се види со нив, ниту во просториите на федерацијата, ниту во ресторан.

Тој во интервју за телевизија „Клан“ изјавил дека со задоволство ја прифатил поканата, но дека сребата не се случила, затоа што не дозволил Сејдини.

„Јас и фудбалерите деновиве ќе се сретнеме и веќе ги поканив таа средба да биде во Владата. Јас немам ништо против Мети, но тој треба да ги почитува законите. Ниту го сакам неговото место, ниту имам некој свој за таа позиција. Едноставно еве и од овде повикувам да се почитуваат законите“, рече премиерот Заев.

Од ФФМ објаснија дека до средба не дошло поради тоа што требало да се почитуваат протоколите од УЕФА и дека тие не биле во можност да организираат каков било прием на поединци или лица од државни институции, поради опасноста од зараза од коронавирус.

„Одговорноста за заштита на фудбалските репрезентативци е огромна и мора да се почитува доследно затоа што последиците се големи. Секое непочитување на мерките и правилата утврдени во протоколот на УЕФА може да доведе до дисциплински мерки во согласност со дисциплинските правила и да го загрозат учеството на тимот во завршниот турнир“, велат од ФФМ.

 

 

Share
Scroll to Top