Запленетите вили на руските олигарси да се искористат за украинските бегалци, предложи британски државен секретар

Запленетите вили на руските олигарси да се искористат за украинските бегалци, предложи британски државен секретар

пред 3 години

Британскиот државен секретар за канцелариски работи, Мајкл Гов, предложи запленетите вили на руските олигарси во земјата да бидат искористени за украинските бегалци. Станува збор за имоти вредни повеќе милиони долари, на некои од богатите сојузници на Владимир Путин.

Говорејќи за утринската програма на „Би-би-си“, Sunday Morning, тој рече дека ќе ја истражи опцијата која би им овозможила да се искористат овие имоти на некои од санкционираните милијардери за хуманитарни и други цели.

„Постои прилично висока законска граница која можеме да ја пречекориме. Не зборувам за трајна конфискација“, рече Гов и додаде дека додека олигарсите се санкционирани и немаат право да ги користат или да профитираат од овие места, истите може да се искористат за помош на други.

Велика Британија, ЕУ и САД одговорија на војната со бројни тешки санкции против руските милијардери и бизнисмени од опкружувањето на Путин. Еден од нив е и сега веќе поранешниот сопственик на фудбалскиот клуб Челзи, Роман Абрамовиќ.

На Абрамовиќ му беа смрзнати сите средства и му беше доделена забрана за патување во одредени земји. Непосредно пред да ги воведат санкциите, тој го стави фудбалскиот клуб Челзи на продажба за 3 милијарди фунти, заедно со неговата куќа  Kensington Palace Gardens вредна 150 милиони фунти во Лондон.

 

 

Share
Scroll to Top