Затвореник од Оклахома во последен момент се спаси од смртна казна

Затвореник од Оклахома во последен момент се спаси од смртна казна

пред 3 години

Американецот Џулиус Џонс (41) се спаси во последен момент од егзекуцијата, откако неговата смртна казна беше заменета во доживотен затвор без можност за условно ослободување, пренесуваат странските медиуми.

Тој требаше да биде погубен во четвртокот, но само само неколку часа претходно гувернерот на Оклахома, Кевин Шилд, донесе одлука да ја му ја укине смртната казна. Минатата недела судот ја одби последната жалба на Џонс да биде поштеден, иако гувернерот беше оној кој ја донесе конечната одлука. Како што соопштија од неговиот кабинет, ваквата одлука била донесена врз основа на разгледување на барањата и материјалите изнесени од сите страни во овој случај.

Претходно, Одборот за помилување и условно ослободување на Оклахома препорача Шилд да ја намали казната на Џонс.

Џонс беше уапсен на 19 години за убиство на бизнисменот Пол Хауел во 1999 година, а беше осуден на смрт во 2002 година. Тој поголемиот живот го помина зад решетки, борејќи се за својот живот и обидувајќи се да докаже дека не го извршил убиството за коешто е осуден.

Џонс пред да осуден, беше средношколски кошаркарски шампион и стипендист на Универзитетот во Оклахома. Но неговиот живот дратстично се промени откако Хауел (45) беше убиен на патеката од семејната куќа, при кражба на неговиот автомобил во луксузното предградие Едмонд. Единствен сведок на убиството беше сестрата на Хауел, која не можела да го препознае ликот на убиецот бидејќи лицето му било покриено. Потоа таа го опиша убиецот како млад црнец облечен во црвена бандана, бела кошула и чорап или капа.

Два дена по убиството на Хауел, полицијата го пронашла неговиот автомобил на паркингот на супермаркет. Продавачот на автомобилот им рекол на инспекторите дека младите Џулиус Џонс и Крис Џордан побарале од него да им помогне да го продадат автомобилот. По изјавите на продавачот и Крис Џордан, во куќата на Џонс полицијата нашла инкриминирачки предмети, меѓу кои и пиштол завиткан во црвена бандана. Па веќе наредниот ден го уапсила Џонс за тешко убиство.

Според адвокатите на Џонс, доказите што ги пронашла полицијата можеби биле подметнати од страна на Џордан, кој, како што велат тие, ноќта по убиството останал во куќата на Џонс. Но, Џордан ги негираше тие тврдења пред судот.

Share
Scroll to Top