Зелена комета ќе прелета покрај Земјата за прв пат по 50.000 години

Зелена комета ќе прелета покрај Земјата за прв пат по 50.000 години

пред 2 години

Светло зелена комета ќе прелета покрај Земјата за прв пат по 50.000 години и би можела да остане блиску околу еден месец.

Претставниците на НАСА соопштија дека кометата првпат била забележана во март 2022 година додека била во орбитата на Јупитер, а жителите на северната хемисфера од вчера можат да ја видат со двоглед како мала зелена рефлексија.

Научниците истакнуваат дека кометата ќе биде најблиску до Земјата на 2 февруари, кога ќе биде оддалечена 42 милиони километри од Земјата.

„Кометите се непредвидливи, но ако оваа продолжи со сегашниот тренд на осветленост, ќе биде лесно да се забележи. Може да стане видлива со голо око на темно небо“, објави НАСА на својот блог.

Зелената комета е ледено небесно тело, официјално именувано C/2022 E3 (ZTF). Поранешниот професор во средно училиште и астрофотограф Ден Бартлет ја фотографирал кометата од неговата кабина во близина на националниот парк Јосемит во Калифорнија и гледањето во небото го нарекува понизно искуство, пишува Би-Би-Си. На зелената комета и се потребни околу 50.000 години за да орбитира околу Сонцето.

Набљудувачите на северната хемисфера без телескоп ќе ја видат кометата како бледа, зеленикава дамка на небото, додека оние со телескоп можат да ја видат опашката на кометата, соопшти The Planetary Society. Светло зелен сјај ќе биде видлив за набљудувачите на северната хемисфера на утринското небо додека кометата се движи кон северозапад во текот на јануари.

Жителите кои живеат јужно од екваторот ќе можат да го видат во февруари, соопшти НАСА.

Share
Scroll to Top