Илон Маск лани во тајност добил близнаци со директорка во неговата фирма „Неуралинк“

Илон Маск лани во тајност добил близнаци со директорка во неговата фирма „Неуралинк“

пред 2 години

Најбогатиот човек на светот Илон Маск, минатиот ноември во тајност добил близнаци со директорка во неговата невротехнолошка компанија „Неуралинк“, Шивон Зилис, пренесе Business Insider.

dobivaj vesti na viber

Двајцата поднеле барање за промена на презимињата. Близнаците кои сега се стари осум месеци, треба да го добијат презимето на татко им, а мајчиното презиме како дел од средното име.

Желбата на родителите наводно им ја исполнил судија од Остин, Тексас. Имињата на близнаците сè уште не се познати.

Како што пишува „Бизнис инсајдер“, близнаците биле родени само неколку недели пред Маск да го добие второто дете Ексу Дарк Сидариал, со неговата повремена девојка Грајмс преку сурогат мајка.

Најбогатиот човек на светот сега има девет деца за кои се знае: пет со бившата сопруга Џастин Маск и две со пејачката Грајмс, од кои второто се роди во декември. Милијардерот во моментов се забавува со глумицата од серијата „Бритни Евер Афтер“, Наташа Басет.

Share
Scroll to Top