Индиец изгради реплика на Tаџ Mахал за својата сопруга

Индиец изгради реплика на Tаџ Mахал за својата сопруга

пред 3 години

Индискиот бизнисмен Ананд Пракаш Чоукси (52) изгради смалена реплика од познатиот историски музеј Таџ Махал, како подарок за својата сопруга со која е 27 години во брак. „Спомениникот на љубовта“, како што тој го нарекува, се наоѓа во градот Буранпур. За неговата изработка потрошил 260.000 долари.

„Тоа е подарок за мојата сопруга, но и за мојот град и сите негови луѓе“, изјави Чоукси.

Тој вели дека веќе и неговата реплика почнала да привлекува луѓе, иако се наоѓа на приватен имот.

„Никого не бркам зашто ние сме мала заедница во која сите меѓусебно се познаваме. Некои почнаа тука да прават и свадбени фотографии“, кажа Чоукси.

Иако Таџ Махал му била главната инспрација, сепак внатрешноста не е целосно исламска, туку има и модерни влијанија.

За потсетување, во 17 век царот Шах Џихан го изградил мавзолејот Таџ Махал во спомен на неговата сопруга Мунтаз, која починала додека го раѓала нивното 14. дете. Тој денес претставува една од најголемите туристички атракции во Индија и до пандемијата, го посетувале 70.000 луѓе дневно.

 

Share
Scroll to Top