Италијанскиот актер Микеле Мороне во Турција им помага на децата кои настрадаа во земјотресот

Италијанскиот актер Микеле Мороне во Турција им помага на децата кои настрадаа во земјотресот

пред 3 години

Италијанскиот актер Микеле Мороне, на многумина најпознат по улогата во филмот „365 дена“, моментално престојува во Турција.

Се дружи со децата кои останаа без домови и членови на семејството по разорниот земјотрес што ги погоди Турција и Сирија. Микеле помага во делењето пакетчиња, а со децата црта, игра и го учи нивниот јазик.

Актерот на Инстаграм сподели неколку фотографии со Турција, а на Тик ток се појавија бројни видеа на обожаватели кои го поддржуваат гестот на актерот.

„Човек со големо срце на вистинското место“, напишаа луѓето на социјалните мрежи.

Share
Scroll to Top