Како да избереме накит

пред 2 години

Како да избeрете накит за себе или за некој друг?

Накитот е најдобар пријател на секоја жена, особено кога станува збор за дијамантите, веќе станува збор за нераскинливо, вечно пријателство. Така поставените работи, кои постојат од времето кога постои и накитот и благородниот метал, зборува за тоа колку е накитот важен во животот на сите жени, а се повеќе и повеќе и кај мажите, бидејќи прстените, нараквиците и ѓерданите станаа речиси секојдневен тренд за комбинирање, разни модни комбинации

Но, секогаш не е лесно да се најде накит, прво, што ќе одговара на себе, а друго, да избераме за друг, како подарок. Но, добрата страна е што постојат неколку правила за избор на накит, за да се вклопи во многубројните модни комбинации, правила како да носите нешто и како да комбинирате накит.

Како да ги изберете вистинските ѓердани?

Накитот секогаш се бира според стилот на личноста која ќе носи одредено парче, па оние кои сакаат впечатливи парчиња и имаат експлецитен стил, сигурно нема да изберат нешто незабележливо, додека луѓето со поконцизен стил секогаш ќе избират таков накит. Ова важи за сите ѓердани, алки, прстени, обетки. Меѓутоа кога станува збор за ѓерданите, постојат одредени правила како тие треба да се изберат.

Ѓерданите со посериозни детаљи на нив, кои се масивни и многу забележливи, секогаш се посоодветни за дами во години, додека потенките, незабележителни ѓердани подобро им прилегаат на младите, со некои привезоци кои го комплетираат накитот. Самиот избор на ѓерданот многу зависи од вратот. Ако имате подолг врат, тогаш подобро е да земете пократки ѓердан, со кружни привезоци, бидејќи така ќе изгледате подобро. Додека со пократок врат ситуацијата е поинаква. Подолг ѓердан, во форма В, со подолги привезоци, го прават вратот визуелно да изгледа подолг и поубав, што инаку се постигнува и со гардероба за ова деколт

Доколку веќе носите ѓердан, не преоптоварувајте се со накит, туку потрудете се другиот накит да го намалите, доволно е да носите само часовник или нараквица само со ѓерданот, обетките не мора да ги има, освен ако не се подискретни

Како да изберете обетки?

Истото важи и за обетките, прво поклопете ги со вашиот или со стилот на личноста на која ги подарувате тие обетки. Додека постарите дами сами сакаат ѓердан кои се поголеми, повидливи, обетките не треба да одат во тој правец, туку подобро да се намалени, поелегантни, за навистина да бидат додаток кој му дава малку сјај на лицето.

Големите, впечатливи обетки не се за секој ден, а секогаш се наменети за младите. Нивниот избор се користи за специјални пригоди, а да се комбинираат со облека за кои е потребен посилен додаток преку накит, дури и наједноставниот фустан со уникатни обетки, со забележлив накит може да изгледа како од модна писта. Ова нека биде ваш водич во различни ситуации, накитот служи само да го потпуни вашиот стил. На овој начин без проблем може да се изберат вистинските обетки.

Како да комбинирате накит?

Основото правило за комбинирање накит се материјалите, т.е. благородните метали не се мешаат, иако често тоа може да се види. Затоа накитот од жолто злато е најдобар кога се комбинираат еден со друг, истото важи и за белото злато, розовото и среброто. Внимавајте на овие правила и секогаш ќе бидете совршени.

Share
Scroll to Top