Како да се ослободите од главоболката на природен начин

Како да се ослободите од главоболката на природен начин

пред 3 години

Мигрените можат да бидат толку болни и тешки што понекогаш нè парализираат. Сепак, симптомите на главоболка може да се ублажат, а некои и целосно да се елиминираат со овие неколку трикови.

На работа сте, седите на компјутер и има толку многу ве боли главата што не можете ни да мислите. Сте земале еден лек, па друг лек, но ситуацијата не се смирува. Иако во овие кризни околности прво прибегнуваме кон лекови, сепак постојат алтернативни начини кои ќе ви помогнат да го решите овој проблем. Ова се пет природни „лекови“ кои ќе ви помогнат да се ослободите од главоболката.

1. Сон

Според некои истражувања, луѓето со лош квалитет на спиење имаат почести главоболки. А сите знаеме дека после лошо спиење, уморни сме, нерасположени, не функционираме најдобро, не помниме, ни слабее имунитетот и сл.

Обидете се да ја промените вашата рутина и да го прилагодите распоредот за спиење за да си обезбедите доволно сон. Исклучете го мобилниот телефон најмалку 30 минути пред спиење и ограничете го внесот на кофеин во текот на денот.

2. Хидратација

Дехидрацијата е една од најчестите причини за главоболка. Треба да пиете околу 2 литри вода дневно, не само во моментот кога ќе почувствувате жед, бидејќи можеби тогаш веќе сте дехидрирани. Водата може да ја регулира телесната температурата, да доставува хранливи материи до клетките и да направи вашата кожа да изгледа сјајно и младо.

Внесувањето доволно вода може да ја ублажи главоболката за само 30 минути. Не заборавајте да пиете повеќе вода кога надвор е топло.

3. Направете пауза од екранот

Изложеноста на сина светлина, која драстично се зголеми во текот на изминатите две години, може да предизвика оштетување на мрежницата со тек на време и се верува дека придонесува за проблеми со видот, како што е макуларна дегенерација, а исто така може да доведе до главоболки.

За да спречите главоболка, намалете го времето поминато пред екранот. Ако сте на телефон или пред компјутер секој ден, секогаш кога можете, обидете се да правите пауза на секои 20 минути.

 

4. Физичка активност

Мали физички вежби при главоболка можат да направат голема разлика. Кога се потите, вашето тело ослободува ендорфин, допамин и норадреналин, и сите тие делуваат како природни лекови против болка. Лесната прошетка на чист воздух при мигрена значително ќе ја намали вашата главоболка.

Дури и кога ве боли глава, слободно прошетајте и ќе се чувствувате подобро. Само внимавајте да не претерате, бидејќи доколку се испотите и се изморите, можете да постигнете спротивен ефект и да предизвикате уште полоша главоболка.

5. Магнезиум

Еден од природните лекови за главоболка е магнезиумот, кој може да се добие преку храна или да се зема како суплемент. Тој е важен минерал кој е потребен за добро функционирање на одредени процеси и системи во организмот, како што се циркулацијата на крвта, регулирањето на шеќерот во крвта, но и за добар пренос на нервните импулси.

Магнезиумот, во правилни дози, може да ги намали главоболките, особено кај луѓето кои често ги имаат, или кај луѓето кои страдаат од мигрена. Храна богата со магнезиум се јаткастите плодови, бананите, семките, брокулата, грашокот итн.

 

Share
Scroll to Top