Како тинејџерка родителите ја криеле затоа што е преубава, додека пак бившиот ја остави за помлада

Како тинејџерка родителите ја криеле затоа што е преубава, додека пак бившиот ја остави за помлада

пред 2 години

Познатата холивудска актерка Моника Белучи, е единствено дете во семејството Белучи. Нејзиниот татко бил сопственик на транспортната компанија Луиџи Белучи, а нејзината мајка била сликарка, Марија Густинели.

Целото име на актерката е Моника Ана Марија Белучи која е родена во селото Чита ди Кастело, Умбрика област во средна Италија на 30 септември 1964 година.

Се зборува дека Белучи уште како мала привлекувала големо внимание со својот изглед што на нејзините родители Марија Густинели и Луиџи Белучи им приоѓале луѓе и ги прашувале за неа. Со текот на времето, на Марија и Луиџи им здодеале ваквите прашања, па избегнувала во јавност да се појавуваат со Моника, односно почнале да ја кријат нивната убава ќерка.

Сепак, на целиот свет му беа потребни 15 години за да ја запознаат Моника Белучи.

Моника почнала да се занимава со манекенство на тринаесет години, за да го плати своето образование, а до 1989 година станала едно од препознатливите лица на париската модна сцена, појавувајќи се на насловните страници на списанија како Elle и соработувајќи со брендови како што се се Долче и Габана.

Студирала право на Универзитетот во Перуџа, по што го напуштила за да се посвети на манекенството.

Инаку, Белучи беше во брак двапати. Pрво со италијанскиот фотограф по потекло од Аргентина, Клаудио Карлос Басо со кој по четири години брак се разведе. Потоа и со францускиот актер Винсент Касел, со кој ги има ќерките Леони и Дева. Се шпекулираше дека Винсент ја оставил за Тина, која е 31 година помлада.

По работата на неколку италијански телевизиски емисии, како и глумењето во филмови, Белучи ѝ се претстави на американската публика со филмот „Дракула“ во 1992 година. Четири години подоцна, таа одигра значајна улога во францускиот филм „Апартман“.

Потоа таа добиваше холивудски улоги, но и понуди за да глуми во европски филмови. Најзабележителна беше по улогата во филмот „Малена“.

Кога требало да ја добие улогата за во филмот „Спектра“, таа му рекла на режисерот Сем Мендес дека ќе биде херој меѓу жените доколку ја вработи, бидејќи таа е вистински сексапил по ум, имагинација, а не по години и тело. Така и стана најстарата ангажирана девојка на Џејмс Бонд.

Во филмот „Апартман“ таа го запознала Винсент Касел со кого глумеше, а по неколку години тие се венчаа. Додека биле во брак, Винсент и Моника живееле во одвоени станови, за да не си здосадат и да си станат навика еден на друг. Но и покрај тоа, тие се разведоа во 2013 година.

Со разводот од Винсент по тринаесет години брак, таа сфатила дека не знае што да прави сама, но нагласила и дека љубовта не познава развод и дека можеби ќе се сретнат и ќе се смират.

Моника Белучи стана мајка на 39 и 45 години.

Share
Scroll to Top