Кание Вест ги престигна Опра и Џордан, раперот стана најбогатиот Афроамериканец со 6,6 милијарди долари

Кание Вест ги престигна Опра и Џордан, раперот стана најбогатиот Афроамериканец со 6,6 милијарди долари

пред 4 години

Кание Вест стана најбогатиот Афроамериканец на светот. Тој ја престигна Опра Винфри и Мајкл Џордан со богатство од 6,6 милијарди долари.

Минатата година ова време неговото богатство ја надмина бројката од милијарда долари, а сега стана уште побогат, пишуваат медиумите.

Богатството на раперот оваа година пораснало за 4,7 милијарди долари во однос на април 2020 година, кога според магазинот „Форбс“ изнесувало 1.3 милијарди долари.

Големите деловни потези кои ги направи со својот моден бренд Yeezy изминатите години, најмногу влијаеле на растот на неговото богатство. Неодамнешните договори со познати брендови само дополнително ја подигнале вредноста на неговото богатство.

Според најновите информации, Кание стана најбогатиот Афроамериканец на светот, а раперот на финансиски план ја престигна и Опра Винфри чие богатство е проценето на 3,5 милијарди долари и Мајкл Џордан со 2,2 милијарди долари.

Исто така Кание го надмина и Роберт Џејмс Смит кој тежи 6,5 милијарди долари.

 

Share
Scroll to Top