Американскиот рапер Кание Вест почна да ја следи Јелена Карлеуша на „Инстаграм“. Тој рече дека неговата поранешна сопруга Ким Кардашијан многупати се обидувала и го копирала нејзиниот моден стајлинг.
Голем број медиуми пред неколку години пишуваа за тоа како Кардашијан ја копира пејачката, дека имаат слична фризура или носат исти фустани. Карлеуша тогаш рече дека не ѝ пречело тоа што познатата старлета ја копира, туку дека напротив ѝ ласка.
Ким пак врати дека таа првпат слушнала за Карлеуша
„За неа слушнав кога луѓето почнаа да го споредуваат нашиот изглед. Некои дури ми вела дека сум ја копирала, па морав да проверам. Ми делува како силна жена која сака да работи и тоа е она што го заскав кај неа. Ја доби мојата почит“, рече тогаш Ким.